| четврток, 6 декември 2018 |

Ева Лонгорија е бремена, го откри и полот на бебето!

Ева Лонгорија ќе стане мајка. 42-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ е во четвртиот месец од бременоста. Претставник за јавноста на славната актерка потврди дека таа носи момче.

Ова ќе биде прво дете на Ева со Хозе Антонио Пепе Бастон.

Парот започна да се состанува во 2013 година, се вери во Дубаи пред две години и стапи во брак во мај минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top