Мечот меѓу ПСЖ и Лион до пред неколку години важеше за големо дерби во Лига 1 во Франција. Сепак работите се изменија по доѓањето на богатите шеици во клубот од Париз. Со созадавањето на моќен тим, ПСЖ е без конкуренција во својата земја и по 18 кола во домашниот шампионат има неверојатни 17 бодови предност пред конкурентите. Поранешниот шампион на Франција Лион кој беше декласиран на „Паркот на принцовите“ со 5-1.
Ибрахимовиќ и другарите буквално си поигруваа со противнците и ако посакаа можеа да постигна уште некој гол. Сепак иако денеска не беше стрелец за својот тим, Анхел ди Марија беше асистент на три гола и беше најдобар поединец за ПСЖ.
Златан Ибрахимовиќ со два гола ја предводеше својата екипа до нова победа, останатите погодоци ги постигнаа Орие, Кавани и Моура. единствениот гол за Лион беше дело на Фери во 24.минута.
PSG vs Lyon 5-1 All Goals & Highlights (Ligue 1… by EarthSavii
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



