| четврток, 6 декември 2018 |

Милан повторно се сопна, Михајловиќ на излезната врата на „Сан Сиро“ (видео)

AC Milan vs Hellas Verona

Милан повторно влезе во резутатска криза откако на последните два меча кога важеше за фаворит освои само два бода. По нерешениот исход во минатато коло против новајлијата во лигата Карпи, денеска на „Сан Сиро“ неможеше да стигне до победата и против најслабата екипа во Серија А, Верона.
Избраниците на Синиша Михајловиќ одиграа само 1-1 и се се подалеку од местото кое води во еврокуповите.
По слабата иницијатива што ја имаа „росонерите“ во првото полувреме, Карлос Бака конечно го доведе својот тим во водство од 1-0 во 52.минута. Само четири минути подоцна Најџел Де Јонг стартуваше во казнетиот простор и доби директен црвен картон, а судијата покажа на белата точка. Успешен реализатор за Верона беше ветеранот Лука Тони кој ги измрани резултатот.
Иако со фудбалер помалку, Милан се обиде да стигне до победата, но не успеа да постигне и втор гол.
По уште еден неуспех на Милан српскиот стратег на клупата Синиша Михајловиќ, се очекува да добие отказ од управата на клубот во следните неколку денови.


AC Milan vs Hellas Verona 1-1 All Goals and… by enteritament

Резултати Италија:
Милан – Верона 1-1, Киево – Аталанта 1-0, Емполи – Карпи 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top