Екипата на Арсенал лесно со 2-0 славеше на гостувањето кај Астон Вила. Иако ослабени без Алексис Санчез, избраниците на Арсен Венгер рутински ја завршија работата уште во првото полувреме. Венгер во нападот повторно ги имаше располжените Оливие Жиру и Тео Волкот. Англискиот репрезентативец одигра одлична партија бидејќи учествуваше во двата гола. Најпрвин беше напревен пенал врз него уште во осмата минута на натпреварот кој успешно го реализираше Жиру, а за вториот гол учествуваше со одлично додавање до Месут Озил кој несебично го проигра Арон Ремзи на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа на домаќините во 38.минута.
Арсенал со оваа победа се искачи на првото место на табелата со 33 бода, еден повеќе од Лестер, кој утре го игра својот натпревар против Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)