| четврток, 6 декември 2018 |

Никол Кидман: Бев дете кога бев во брак со Том Круз

 Omega Press Junket With Nicole Kidman And Stephen Urquhart

Холивудската ѕвезда Никол Кидман признава дека била премногу млада за семејство, кога на 23 години се омажила за својот колега Том Круз. Свадбата на двајцата беше во 1990 година и тие беа семејство во текот на 10 години.

-Јас бев речиси дете, кога се омажив за Том- изјави во интервју актерката. Во исто време таа не жали дека го направила тоа. Актерката сепак додава: -Имавме шанса за нешто подобро, но комбинацијата на луѓе секогаш се менува.

Ѕвездата од “Широко затворени очи” признава дека по разводот со Том никогаш не се чувствувала осамена. Во моментов таа е мажена за музичарот Кит Урбан, со кого се среќава од 2005 година. Парот има две ќерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top