| четврток, 6 декември 2018 |

Неочекувано: Синот на Бекамови откри голема тајна за своите родители

Круз Бекам се пошегува на сметка на својата славна мајка Викторија велејќи дека и требаат часови за да се подготви пред излегување, но дека таткото Дејвид може да се облече и да биде спремен за излегување за само 10 минути.
Единаесетгодишниот Круз, учествуваше во играта „Господин и Госпоѓа Бекам“, во која зборуваше за неговите родители.

Запрашан кој од нив двајца подолго се припрема за излегување надвор, малиот Круз рече: 100 проценти мајка ми. Татко ми е готов за 10 минути, на мајка ми ѝ требаат околу 10 часа.

Тој додаде исто така дека Викторија може да каже безобразен збор или лоша шега, но дека Дејвид се срами и од првото и од второто.

Говорејќи на радио, синот на Дејвид и Викторија ја откри неговата љубов за Покемон, но призна дека тој морал да престане да ја игра многу популарната игра.

-Татко ми ме натера да престанам, бидејќи кога бевме во автомобилот јас велев оди лево, оди десно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top