Фудбалерите на Баер Леверкузен вечерва постигнаа убедлива победа од 5-0 против Борусија Менхенгладбах во дуелот на двете германски екипи кои сезонава играа во Лигата на шампионите. Домаќинот до триумфот дојде со головите на Чичарито (три) и Стефан Кислинг (два).
Javier Chicharito Hernandez Hat-trick Goals… by HDGoalTV
Лидерот на табелата и актуелен шампион, Баерн Минхен рутински славеше со 2-0 на „Алијанц арена“ над тимот на Инглштад. Головите беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Роберт Левандовски и Филип Лам. Со оваа победа Баерн повторно има осум бодови предност пред Борусија Дортмунд, но „милионерите“ имаат и натпревар помалку кој го играат утре против Ајнтрахт Франфурт на домашен терен.
На другите дуели денеска од 16.коло: Вердер – Келн 1-1, Дармштат – Херта 0-4, Хофенхајм – Хановер 1-0 и Волфсбург – Хамбургер 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)