Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски ја одигра најдобрата партија својот нов тим, лидерот во германскиот шампионат Рајн-Некар. Тој со 12 одбрани во второто полувреме беше најзаслужен за победата над Гумерсбах од 31-22.
Рајн-Некар по првото полувреме имаше негатива од еден гол (14-15), кога меѓу статитвите застана нашиот „Министер за одбрана“ кога цели осум минути не дозволи да биде совладан. Во тој период неговиот тим направи серија од осум голови и ја запечати судбината на гостинскиот тим.
Борко влегува во одлична форма на еден месец пред почетокот на Европското првенство во Полска, а тој е еден од клучните играчи во македонската репрезентација во обидот да дојде до квалификациите за Олимпијадата во Рио 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.