| четврток, 6 декември 2018 |

Рикер: Србија да го прифати предлогот на Брисел

 Заменикот на помошниот државен секретар на САД, Филип Рикер, го повика Белград да го прифати предлогот на Брисел и да го продолжи дијалогот за да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

–  Ја повикуваме Србија да ја искористи можноста затоа што сакаме да ја видиме Србија дека ги исполнува условите за почеток на преговорите – рекол Рикер.

Рикер го повторил ставот на Стејт департментот дека вчерашната расправа за кривичните судови во Генералното собрание на ОН се претворила во неурамнотежена полемика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top