| четврток, 6 декември 2018 |

Членовите на ЦО на СДСМ не ги добиле материјалите за конгресот в недела, хаос кај опозициската партија

Како што објавува порталот „Прес24“, членовите на ЦО се уште не ги добиле материјалите за конгресот, задача која била обврска на Генералниот секретар Оливер Спасовски кој сега е технички министер за внатрешни работи и воопшто не ги ни подготвил

Постои големо незадоволство меѓу членовите на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ во пресрет на најавениот програмски конгрес кој треба да се одржи в недела на 13. декември, пишува порталот „Прес24“.

Како што објавува порталот, членовите на ЦО се уште не ги добиле материјалите за конгресот, задача која била обврска на Генералниот секретар Оливер Спасовски кој сега е технички министер за внатрешни работи и воопшто не ги ни подготвил.

„Нашиот извор вели дека Конгресот првично требало да се одржи на Скопскиот саем но поради катастрофалната состојба во СДСМ и слабиот интерес меѓу делегатите и членството раководството се решило конгресот да се префрли во хотелот „Александар Палас“. Но и ова место најверојатно ќе биде сменето поради очајната состојба во која се наоѓа партијата и демотивираноста на членството и конгресот најверојатно ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“, објавува „Прес24“.

Според пишувањата, оваа постапка на СДСМ постарото членство ја примило како уште една приватна забава на Зоран Заев и најтесното крило.

„Прес24“ веќе објави дека Заев мака мачи да собере доволно членови за да обезбеди минимум кворум на партиските тела и да ги протне своите одлуки.

Последните анкети на најрелевантните агенции во светот покажаа дека неговиот рејтинг за само неколку месеци се намалил за дури 30 отсто, а СДСМ и натаму има двојно помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ.

Извори на „Прес24“ од СДСМ велат дека уште полоши резултати покажала анкетата кој за потребите на СДСМ ја изработила една рејтинг агенција која важи за исклучително блиска до партијата. Според неа, СДСМ го очекува повторување на резултатите од минатогодишните избори што според експертите е главна причина поради која СДСМ ќе стори се изборите во април воопшто да не се одржат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top