Во рамките на кампањата „Да ја откриеме корупцијата“ набљудувачката асоцијација „Транспаренси интернешенел“ објави листа со 15-те најкорумпирани во светот. Меѓу нив се и физички лица, фирми и организации.
Според авторите на рангирањето, најголемата корупција е злоупотребата на власта на високо ниво и им носи корист само на избраните луѓе на сметка на сите останати. Тоа нанесува сериозна штета на општеството и на обичните луѓе.
За жал, често овие случаи на корупција остануваат неказнети, коментираат експертите. Ова се должи на лошата работа на соодветните судски орган, како и на сериозните поткупи кои дополнително ја влошуваат ситуацијата во земјата или во регионот.
Еве ги и 15-те најкорумпирани:
1. Сенаторот од Доминиканска Република, Феликс Батиста
2.Бразилската државна нафтена компанија „Petrobras“
3.Бившиот украински претседател, Виктор Јанукович
4.Бившиот претседател на Панама, Рикардо Мантинели
5.Ќерката на претседателот на Ангола, Изабел душ Сантуш
6.Португалската банка „Espirito Santo“
7. ФИФА
8.Бившиот египетски претседател, Хосни Мубарак
9.Либанскиот политички систем
10.Американската држава Делавер
11.Фондот на Ахмат Кадиров
12.Бившиот претседател на Тунис, Зине ал-Абидине Бен Али
13.Трговците со жад во Мјанмар
14.Синот на претседателот на Екваторска Гвинеја, Теодор Нгуема Објанг Мангуе
15.Кинеската компанија „China Communications Construction“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.