Друштвото за германски јазик го прогласи „бегалци“ (Flüchtlinge) за збор на 2015 година. Жирито од јазични професионалци го избра зборот „бегалци“ од околу 2.500 предлози за збор, кој бил најкарактеристичен за политичкиот, економскиот и општествениот живот во Германија во текот на годината.
Главен ривал на зборот „бегалци“ беше терминот „грекзит“, поврзано со заканата за излегување на Грција од еврозоната.
Во првите три се најде и изразот „Je suis Charlie“ (во превод од француски „Јас сум Шарли“), употребен во знак на солидарност со вработените од францускиот сатиричен весник „Шарл Ебдо“, кој беше нападнат од терористи.
Од почетокот на годината Германија прифатила речиси еден милион бегалци, главно од Сирија, но и од Авганистан, Африка и други места.
Минатата година победник во рангирањето беше зборот „светлосна граница“. Изразот беше поврзан со ставањето на илјадници блескави глобуси долж некогашниот Берлинскиот ѕид, за да се одбележи 25 годишнината од неговиот пад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.