Партизан доживеа елиминација од Лигата на Европа откако во клучниот натпревар во Белград на домашен терен загуби од Аугсбург со 3-1. Германците успеаја во самиот финиш од мечот да го достигнат резултатот од првиот натпревар на кој славеа „црно-белите“ истотака со 3-1, но поради подобра гол разлика се пласираа во следната рунда.
Ноќеска се појави информација дека „гробарите“ ја избркале управата на клубот, но денес српските медиуми јавуваат дека елиминацијата многу веројатно ќе ја плати Љубинко Друловиќ. Во изјава за српски „Журнал“ потпретседателот на Партизан, Милорад Вучелиќ потврди дека засега никој не размислува да даде оставка од управниот одбор.
Искусниот стратег синоќа имаше состанок со Ивица Илиев веднаш по мечот поради кој не се појави на прес-конференцијата. Со елиминацијата од Лига Европа екипата на Партизан практично заокружи неуспешна сезона, гледајќи на фактот дека во српскиот шампионат големиот ривал Ц.Звезда на табелата бега над 20 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена, доби отказ