Приватниот сектор од Тиквешкиот регион со поддршка на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО), денеска и официјално ќе го промовира Кластерот за туризам.
Кластерот се формира со цел развој на локалниот туризам зашто, според статистиките, Тиквешкиот регион е недоволно искористен. Го посетиле само 2,4 отсто од вкупниот број туристи кои биле во Македонија.
Промоцијата ќе се одржи во винаријата Стоби, а ќе присуствуваат градоначалниците на Кавадарци, Неготино и Демир Капија, словенечкиот амбасадор и словенечкиот министер за технологија и економски развој, претставници од винариите Тиквеш, Стоби и Попова Кула, како и претставници од Министерството за eкономија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци