| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на Кластерот за туризам на тиквешкиот регион

klaster turizamПриватниот сектор од Тиквешкиот регион со поддршка на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО), денеска и официјално ќе го промовира Кластерот за туризам.

Кластерот се формира со цел развој на локалниот туризам зашто, според статистиките, Тиквешкиот регион е недоволно искористен. Го посетиле само 2,4 отсто од вкупниот број туристи кои биле во Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во винаријата Стоби, а ќе присуствуваат градоначалниците на Кавадарци, Неготино и Демир Капија, словенечкиот амбасадор и словенечкиот министер за технологија и економски развој, претставници од винариите Тиквеш, Стоби и Попова Кула, како и претставници од Министерството за eкономија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top