На турско-сириската граница почна изградба на ограда. Бетонските плочи во висина од четири метри се поставуваат на границата во окрузите Калис и Газиантеп.
Како што јавија турските медиуми, ѕидот ќе биде долг 82 километри и се гради на местата кои на сириска страна се под контрола на Исламска држава.
Владини претставници се уште не ја потврдиле информацијата.
Турција ги засили безбедносните мерки на границата со Сирија, со цел да го спречи преминувањето на борците на ИД.
Во август почна изградба на ограда на границата во реонот на градот Рејханл, каде се регистрирани најголем број илегални преминувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.