Синоќа во НБА лигата на програмата беа само четири средби. На сите натпревари славеа домашните екипи, а за одбележување е „трипл-даблот“ на Кевин Дурант од 25 поени, 12 скока и 10 асистенции во победата на Оклахома над Атланта од 107-94. Расел Вестбрук го дополни Дурант со „дабл-дабл“ од 23 поени и 10 асистенции, додека кај хокси се истакна Баземор со 22 поени.
На втората поинтересна средба фаворитот Бруклин со 100-91 славеше над оваа сезона очајната Филаделфија. Нетси тргнаа одлично и двоцифрено го добија првиот период (24-13), но во третиот период „76-ерс“ успеаја да се вратат и во последната четвртина да влезат со предност од четири поени (70-74). Во решавачкиот период пресуди подобриот шут за три на Бруклин (30-17), со што е продолжена мизерната сезона на Филаделфија која има само една победа по 23 одиграни средби. Лидер на поентерската листа беше Андреа Барњани со 23 поени, а кај Филаделфија не помоннаа ни 22-те поени на Окафор.
НБА резултати:
Бруклин – Филаделфија 100-91, Чикаго – ЛА Клиперс 83-80, Оклахома – Атланта 107-94, Сакраменто – Њујорк 99-97
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)