| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Анѓелков и Мишо Нетков се годинашните добитници на наградата за публицистика „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Игор Анѓелков и Мишо Нетков се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за публицистика, соопшти Министерството за култура.

Igor Angelkov 4 (Custom)

Игор Анѓелков

 

Како што пишува во соопштението на Министерството за култура, одлуката за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин” во 2015 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија за остварување во областа на публицистиката државната награда им се доделува на м-р Игор Анѓелков, публицист и проф. д-р Мишо Нетков, публицист.

Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top