Маж од Орегон, САД останал приклештен под трактор, но, извлекол жива глава откако го спасиле неговите две ќерки, кревајќи го тракторот тежок еден и пол тон, јавува „Ен-би-си њуз“.

Џеф Смит се обидел да извади едно дрво кое му се заглавило во тракторот, но тогаш настанала несреќата. Се свртел на страна и останал приклештен под тракторот, а воланот му ги стиснал градите, блокирајќи му го дишењето.
Неговите ќерки, 16-годишната Хана и 14-годишната Хајли ги слушнале неговите повици за помош и истрчале во градината. Сами го кренале тракторот тежок 1.500 килограми, доволно за да може нивниот татко да земе воздух и да диши.
– Неверојатно. Слушаш за такви работи, дека адреналиност расте кога се случуваат несреќи, но ова беше нешто сосема друго – изјави Смит.
Набрзо пристигнала и помош и Џеф бил префрлен во болница, каде што потполно заздравел. Во меќувреме, тракторот добил име „сотона“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Голф“ удри во трактор кај Неготино – едно лице итно пренесено на скопските клиники
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место
-
Ова се најпопуларните имиња за момчиња и девојчиња во Македонија во 2017
-
По тепчаката меѓу девојчињата, инспекцијата најде пропусти кај одделенските раководители


