Во март ќе биде готова новата зграда на ЈП”Водовод и канализација” на Кејот на реката Вардар. Од претпријатието велат дека градежните работи се одвиваат според предвидената динамика. Во моментов привршуваат градежните работи на фасадата, а според договорот со изведувачот, за четири месеци треба комплетно да се уреди и внатрешноста, пишува весникот„Вест“.
“Освен ако нема непредвидени работи, кон крајот на март ќе се преселиме во новата зграда. На катовите ќе биде сместени службите, а во приземјето ќе бидат пунктовите за корисниците. Ќе има 15 шалтери, што е тројно повеќе од сегашните. Со тоа многу побрзо и поефикасно граѓаните ќе можат да ги завршат работите на шалтерите”, вели Александар Атанасов, директор на ЈП “Водовод и канализација”.
Според проектот, зградата ќе биде на пет ката, со потпокрив и подземен паркинг на три нивоа, кој ќе биде со капацитет за 115 возила. Фасадата на зградата ќе биде во барок стил. Изградбата чини 10 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата