Дијагностициран случај на туберкулоза во средно училиште во Скопје. Ученик во трета година од Зеф Љуш Марку, од понеделник е на болничко лекување во Институтот за ТБЦ. Според информациите на zdravstvo24.mk по долготрајна кашлица, матичниот лекар го упатил во диспанзерот на Бит Пазар каде му ја дијагностицирале заразата. Бидејќи средношколецот бил во контакт со повеќе лица, надлежните преземаат мерки за да спречат евентуално ширење на болета. Контролна проверка мора да направат сите 25 ученици од неговиот клас.
-Согласно законските прописи, ние испративме писмо до училиштето неговите соученици да дојдат во диспанзерот да направат контрола. За тоа им треба упат од матичен. Денеска дојде само едно дете, но очекуваме да дојдат и другите. Инкубациониот период е 6 недели така да има простор за проверка – вели Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје.
По дијагностицирање на случајот, скопскиот центар за јавно здравје и државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш направиле увид во училиштето. Не нашле забелешки, но препорачале повеќе проветрување и одржување на личната хигиена. Денеска е направена и дезинфекција на училиштето. Иако туберкулозата има тренд на намалување, според епидемиолозите не е карактеристично во 21 век болеста да се јавува во урбана средина. Најдобра заштита е вакцинацијата.
-Вакцината секако е многу важна, но туберкулоза се јавува и кај асоцијални случаи, што значи важен е социјалниот статус – вели Баевска Оваа година се регистрирани два случаи на туберколоза во образовни установи. Првиот е пред неколку месеци кога заразата беше дијагностицирана кај наставничка во основно училиште во Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите