Традициите се тој специфичен дел од фолклорот на секоја земја, кои ја прават уникатна и ја издвојуваат од другите. Внатре, пак, во самата држава, тие ги поврзуваат семејствата и ги обединуваат.
Ова особено се однесува за време на еден од најсемејните празници, Божик.
Еве едно виртуелно патување низ најчудните новогодишни традиции во Европа.
Исланд
Мачката Јуле е огромна и многу зла. Таа ќе ги нападне сите деца, кои на Бадник не носат нови алишта. Затоа мајките брзаат да им купат на своите синови и ќерки нова облека.
Италија
Бефана е вештерка што обиколува ноќта на 6 јануари и раздава подароци на послушните деца. На немирните деца им остава јаглен во чорапчињата.
Чешка
Во Чешка, немажените жени на Бадник стојат на прагот на куќата и зад грб фрлаат чевла. Ако таа падне напред со прстите, значи невестата ќе се омажи следната година.
Данска
НИС се навредува лесно, затоа данците на Божик оставаат по една порција топла каша, за да не се навреди и да го заштити семејството во претстојните 365 дена.
Германија
На 5 декември децата на прагот од собата оставаат по еден чист чевел и ако биле послушни, наутро ги чека чевел полн со подораци од Свети Никола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.