Европскиот првак Челси е првиот полуфиналист на Европа Лигата на УЕФА, иако денеска е поразен од Рубин Казањ со 3-2 во Москва. Победата во реваншот е мала утеха за рускиот претставник, кој е елиминиран, бидејќи загуби во Лондон на првиот натпревар со 1-3.
Челси поведе уште во петтата минута со погодокот на Фернандо Торес и само ја зголеми залихата од првиот меч. Домаќините израмнија со убавиот гол на Иван Марчано, но Виктор Мосес пак ја врати предноста за тимот од Лондон. Превсртот го реализираа Гокдениз Карадениз и Натко со гол од пенал. Рубин испадна, но направи мал подвиг со победи и против актуелниот европски првак Челси и над ланскиот освојувач на Европа Лигата, Атлетико Мадрид, во ист циклус на натпревари.
Челси има шанса да биде првата екипа, што во две сезони едноподруго ги освоила и ЛШ и ЛЕ.
szólj hozzá: Rubin Kazan 3-2 Chelsea MATCH HIGHLIGHTS
Од 21,05 часот се играат преостанатите три реванш дуели од полуфиналето
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“