| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнис-форум во Ерусалим: Позитивна оцена за условите за водење бизнис во Македонија

Biznis forum vo Erusalim_6Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и владината делегација во чијшто состав се и министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф, во рамките на посетата на Државата Изрел учествуваше и се обрати на бизнис-форум во Ерусалим.

На форумот на кој учествуваа претставници на израелски компании од областа на земјоделието, енергетиката, туризмот и од областа на медицината, владината делегација ги презентираше условите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија.
Biznis forum vo Erusalim_9

Премиерот Груевски истакна дека нашата земја направи значаен прогрес во поглед на креирањето добра бизнис-клима, соработката со инвеститорите и поддршката на развојот на економијата. Нагласи дека се направени многу реформи кои Македонија ја рангираа високо во извештаите на релевантни финансиски институции како што е Светската банка, која во својот извештај „Дуинг бизнис“, кој ги оценува добрата бизнис-клима и условите за водење бизнис, ја позиционираше Република Македонија на дванаесетото место во светот, и шесттото место во Европа.
Biznis forum vo Erusalim_7

Ние сме и втори во светот во однос на леснотијата за отпочнување на бизнис и регистрирање на фирма кое се врши за само четири часа и може да се направи од било кое место во светот. Исто така имаме напредок и во други полиња како што е заштитата на инвестициите – изјави претседателот на Владата Груевски.
Biznis forum vo Erusalim_8
Тој посочи дека ова е резултат на системска работа во повеќе сектори и дека се поедноставени и многу процедури и постапки кои се значајни за бизнисот.
Biznis forum vo Erusalim_5

-За тоа многу помогна проектот кој се нарекува регулаторна гилотина, кој опфати кратење, поедноставување или укинување на илјадници бирократски процедури, и во кој соработувавме со стопанските комори и со над триста и педесет компании од различни сектори и големина, за во директна комуникација со нив да ги детектираме бирократските проблеми со кои се соочуваа и да пристапиме кон решавање. Повеќе од деведесет проценти од предлозите ги прифативме и овој проект е се уште активен затоа што сме во комуникација со бизнисмените со цел да креираме успешна бизнис клима – истакна премиерот Груевски.
Biznis forum vo Erusalim_4

Претседателот на македонската Влада посочи дека во нашата земја се овозможени најниски трошоци за водење бизнис во Европа и во таа насока се воведени најниски даноци, рамен и низок данок, при што персоналниот данок и данок на добивка се десет проценти, а компаниите кои ја реинвестираат добивката имаат нула проценти данок.

Министерот Џери Наумоф се задржа на поволната положба на Република Македонија и можноста за пристап до 650 милионскиот европски пазар преку потпишаните договори за слободна трговија. Истакна дека Македонија има договори за слободна трговија со сите земји од континентот Европа, со исклучок на Русија, со што се надминува хендикепот на мал пазар и се има пристап до пазар од 650 милиони потрошувачи.
Biznis forum vo Erusalim_1

Од бизнис и економска гледна точка тоа е вистинска предност, затоа што компаниите кои веќе инвестирале гледаат на Македонија како на порта за влез на европскиот пазар, изјави министерот Наумоф.

Свое обраќање имаше и министерот Никола Попоски кој се осврна на исклучително добрите политички односи на Република Македонија и Државата Израел кои се гаранција за искористување на економскиот потенцијал. Тој ја истакна и декларација за пријателство помеѓу Република Македонија и Државата Израел која ја потпишаа премиерите на двете држави и која е од стратешко значење за развојот на односите на двете земји. Министерот Попоски посочи дека тоа е добра основа и за развивање на билатералните економски релации кои што ќе придонесат за дополнително продлабочување на севкупните односи.

Шломо Гразиани, кој е сопственик на повеќе израелски компании од областа на прехранбената индустрија и трговијата, и е член на Израелската комора на индустријалци, даде позитивна оценка за условите за водење бизнис во Република Македонија, истакнувајќи дека овие услови можат да мотивираат многу израелски инвеститори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top