Mилитантите на Исламска држава се плашат од жените, тврдат курските жени-војници, кои се борат против терористите на северот од Сирија.
Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, женската одбранбена единица, разгранок на курдската Единица за народна заштита ЈПГ, е основана пред три години и со околу 10.000 жени доброволци во голем дел е заслужна за повторното заземање на Кобане.
Дваесет и едногодишната Телхелден, една од командантите во единицата, за „Си-Ен-Ен“ открива дека иако се помалобројни, тие имаат предност во однос на ИСИС.
– Тие мислат дека се борат во име на исламот и веруваат дека ако некој од Даеш (ИСИС) убие девојка, крудска девојка, нема да оди во рајот. Тие се плашат од девојките – вели таа.
Нејзиното име на курдски значи одмазда, а интервјуто го дала од првите редови на бојните полиња. Телхелден и нејзините соборнички неодамна ги протераа џихадистите од градот Ал-Хоул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.