Манчестер јунајтед е елиминиран од Лигата на шампионите оваа сезона откако загуби на гостински терен кај Волфсбург со 3-2 и за утеха ќе игра на пролет во фудбалска Европа, но во Лигата на Европа.
Поголемиот дел од првотимците на „црвените ѓаволи“ се зачудени од потегот на менаџерот Луис Ван Гал кога од игра во 69.минута го извади најдобриот поединец до тогаш на теренот, Хуан Мата и на негово место во игра го внесе тинејџерот Ник Пауел.
Иднината на Ван Гал на клупата на „црвените ѓаволи“ повторно е доведена во прашање, сето тоа, како што пренесува и угледниот „Тајмс“, и поради огромните несогласувања во соблекувалната на Јунајтед.
Овој весник трвди дека по мечот Мата буквално „збеснал“ од одлуката на Холанѓанецот и јавно го искажал своето незадоволство. Според многу фудбалски аналитичари, излегувањето на Мата од игра е моментот кој му пресудил на Манчестер.
Шпанскиот фудбалер потоа и гласно го кажал своето несогласување со начинот на работа на Холанѓенецот. Според пишувањето на „Тајмс“, незадоволството на играчите од неговата „работна политика“, го води Ван Гал и се поблиску до отказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.