Бракот на Мелани Грифит и Антонио Бандерас и официјално заврши, а сега тие ја открија детали од нивната бракоразводна постапка, кои откриваат дека актерката и тоа како профитирала од разводот.
Судот на Мелани и ја доделил куќата каде што некогаш живееле таа и нејзиниот поранешен сопруг, потоа слика од Пикасо и износ од 65 илјади долари кој што Бандерас треба да го плаќа на месечна основа.
Мелани и Антонио се раздвоија во јуни 2014 година, а во јули оваа година поднеле барање за развод по 19 години заедничко живеење. Познатата двојка ја има ќерката Стела.
Кога станаа родители, Мелани се повлече од сцената, додека популарноста на Бандерас растеше благодарејќи на улогите во Шрек, но и во филмот „Мачорот во чизми“ и „Платеници“.
Откако се раздвоија Антонио започна врска со 20 години помладата Никол Кимпел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.