Заменик министерот Чавков изнесе детали од истрагата на МВР за фалсификуваните лични карти. Изјави дека тие не биле досега користени за гласање и оти сега треба да се открие за што се направени и кој ги изработил.
-Колегите од одделот за организиран криминал работеа на овој случај по наредба на јавното обвинителство. Ги спроведоа сите неопходни проверки и на крај се констатираше дека овие лични карти не се користени за изборни цели. Од податоците кои стојат на личните карти ниедно лице го нема на избирачкиот список. Тоа е потврдено и од ДИК од увидот во пишаните и компјутерските документи, така да се елиминира целата теза дека се искористени за избори. Сепак остануваат отворени прашањата кој и зошто го има тоа направено- нагласи Чавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.