Додека позирала во родниот Сплит , Северина конечно го открила она за што изминативе денови наголемо се „шушка“ низ белградските кулоари.
-Фактот дека жените се најубави во бременоста го потврдува и Северина. На фотографијата снимена недела во родниот Сплит пејачката блескала во црн Диор фустан кој ја открил засега добро чуваната тајна. Северина има стомаче, со што се потврдени шпекулациите дека е во блажена состојба, пренесуваат регионалните медиуми.
Само десетина дена по свадбата за белградскиот фудбалски менаџер Игор Којиќ почнаа приказните дека младенците на лето ќе станат родители. Според фотографиите на кои се повикуваат медиумите убавата госпоѓа Којиќ наскоро ќе го прошири семејството, а во прилог на нејзината „тајна“ бременост се наведува и дека во последно време пејачката на социјалните мрежи споделува фотографии на кои и се гледа само лицето или се пак до половина.
Северина од бракот со белградскиот бизнисмен Милан Поповиќ го има четиригодишниот син Александар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Тамара заведува и во деветиот месец од бременоста
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!