Смртта на Боби Кристина Браун од почетокот беше мистерија за полицијата, но изјавата на блиската пријателка на несреќната девојка може да помогне во решавањето на овој случај.
Данијела Де Дилва Бредли тврди дека ќерката на Витни Хјустон била нападната од нејзиното момче Ник Гордони, кој ја оставил да вреска. Таа, исто така, додава и дека Боби кобната ноќ 31 јануари не била под влијание на дрога и дека ја користела само кога била во друштво на Гордон. Данијела изјавила дека Ник почнал да ја удира Боби додека лежела на подот сѐ додека не почнала да губи свест. Од силата на ударите ѝ испаднаа забите, но некако собрала сила и истрчала на горниот кат од куќата. Городн ѝ наредил веднаш да се спакува и да ја напушти куќата. Пријателката исто така го обвинува момчето на Боби дека таа ноќ ја поминал земајќи кокаин и големи количини алкохол како и дека по нападот дошол во еден ноќен клуб каде што ја соблекол крвавата облека и лудо се забавувал. Според зборовите на Данијела Гордон, таа вечер заминал од клубот со непозната жена.
Боби Кристина почина на 26 јуни по месеци поминати во кома по овој немил настан. Ник Городн е обвинет пред судот во Атланта за нанесување тешки телесни повреди, предизвикување на емотивен стрес и префрлање пари на негова сметка од сметката на Боби Кристина без нејзина дозвола. Меѓутоа, тој ги отфрли сите обвинувања и изјавил дека не е виновен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.