| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификуван и третиот терорист од салата Батаклан во Париз

pariz2

Третиот терорист кој учествуваше во нападот на концертната сала Батаклан во Париз е идентификуван, јави Франс прес повикувајќи се на полициски извори.

Во нападите во Париз од 13 ноември кои се случија на повеќе локации убиени се седум лица, меѓу кои и бомбаши самоубијци. До сега се идентификувани само четворица од нив.

Тројца се разнесоа кај стадионот Стад д Франс. Меѓу нив бил и Билал Хадфи (20) кој живеел во Белгија, додека другите две тела се уште не се идентификувани.

Тројца се убиени во Батаклан, од кои двајца се идентификувани. Сами Амимур (28) и Омар Исмали Мостефаи (29). И двајцата државјани на Франција. До денес не беше познат третиот напаѓач.

Седмиот напаѓач беше Брахим Абдеслам (31), исто така француски државјанин кој живеел во Белгија. Тој се разнесе пред кафуле на булеварот Волтер.

Тројца се убиени во рација во парискиот кварт Сен Дени неколку дена подоцна. Едниот од нив беше Абделхамид Абауд (28), личност за која се верува дека е организатор на нападите, како и неговата роднина 26 годишната Хасна Аитбоулахчен. Третиот човек што се разнесе за време на рацијата не е идентификуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top