Денеска со комплетирањето на шестото коло во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д заврши групната фаза. Познати се половината од тимовите кои се пласираа во осминафиналето и ќе ги чекаат пролетните натпревари.
Најинтересно беше во групата Б каде дури три екипи се бореа за првите две места кои водат во следната рунда во ЛШ.
Во Волфсбург домашната екипа славеше над Манчестер јунајтед со 3-2 и со тоа го елиминираше поранешниот европски шампион. Манчестер можеше да се надева и си пораз па и нерешен исход да презими во ЛШ, но најголемиот конкурент во групата, ПСВ победи на домашен терен над ЦСКА Москва со 2-1.
Двата натпревара беа драматични со пресврти откако „црвените ѓаволи“ поведоа со 1-0 со голот на Мартиал во 10.минута. Волфсбург истотака можеше скапо да го чини поразот, па затоа веднаш нападна и многу брзо со голот на Налдо го израмни резултатот. Виериња му донесоа предност на Волфсбург на полувремето со голот во 29.минута. Манчестер јунајтед доби надеж по автоголот на Гилавоги во 82.минута, но повторно Налдо беше кобен за Луис ван Гал и неговите фудбалери со вториот гол во 84.минута.
VfL Wolfsburg vs Manchester United 3-2 Live HD… by football-goals
ЦСКА Москва исто така прва поведе во Холандија, со голот од пенал на Игнашевич во 76.минута. Но, ПСВ Ајндховен со два гола во завршницата кои ги постигнаа Де Јонг и Пропер го трасира патот во следната фаза од елитното натпреварување.
PSV Eindhoven 2 – 1 CSKA Moscow All Goals and… by ViralDailyTV
Во останите групи беа познати патниците во следната рунда во ЛШ, а по одигрување на ова коло Севилја со минималната победа над Јувентус се пласираше во Лигата на Европа откако главниот конкурент Борусија Менхегдалбах загуби од Манчестер Сити со 4-2 иако имаше предност од 2-1. Единствениот гол за Севилја го постигна поранешниот играч на „старата дама“ Фернандо Љоренте во 65. минута.
Реал Мадрид го декласира Малме со 8-0 и заслужено го освои првото место во групата А. Кристијано Роналдо одигра „покер“ со четири гола, Карим Бензема постигна хет – трик, а Матео Ковачиќ се запиша во листата на стрелците. Роналдо сруши два рекорда во групната фаза откако со денешните четири гола постигна 11 и се изедначи со Жунињо со по десет гола од слободни удари. Досега Португалецот има постигнато 87 гола во еворпските натпреварувања дури осум повеќе од најголемиот конкурент, Меси. Во истата група ПСЖ без поголеми проблеми славеше над Шахтјор со 2-0.
Real Madrid vs Malmo 8-0 All Goals (Champions… by lubomir-mitev
Лига шампиони, резултати 6коло:
Група А: Реал Мадрид – Малме 8-0, ПСЖ – Шахтјор 2-0.
Табела: Реал Мадрид 16, ПСЖ 13, Шахтјор 3, Малме 3.
Група Б: Волфсбург – Манчестер јунајтед 3-2, ПСВ Ајндховен – ЦСКА Москва 2-1.
Табела: Волфсбург 12, ПСВ 10, Манчестер ј. 8, ЦСКА Москва 4.
Група Ц: Бенфика – Атлетико Мадрид 1-2, Галатасарај – Астана 1-1.
Табела: Атлетико М. 13, Бенфика 10, Галатасарај 5, Астана 4.
Група Д: Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах 4-2, Севилја – Јувентус 1-0.
Табела: Манчестер Сити 12, Јувентус 11, Севилја 6, Борусија М. 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)