Таканаречената афера околу личните карти е всушност нечија манипулација – објави ТВ „Сител“ во централниот дневник. Според тврдењата на телевизијата врз основа на наредба на Јавното обвинителство, била обезбедена писмена и електронска документација од Државната изборна комисија. Од увидот во електронската документација било утврдено е дека ниту една од 105 фалсификувани лични карти кои неделникот „Фокус“ ги предал на МВР не била употребена за гласање.
Претходно „Фокус“ излезе со тврдење дека 105-те фалсификувани лични карти биле само мал дел од наводно 30.000 фалисификувани лични карти кои биле злоупотребени за изборите. Претходно „Фокус“ излезе со слична приказна и за фалсификувани патни исправи, со која требаше да се оправда огромниот пораз на СДСМ на минатите избори.
Сега„Сител“ со поинакво тврдење – направени се проверки и во системот за интегрирано гранично управување. Ниту една од овие лични карти не биле употребени на ниту еден граничен премин за влез и излез низ границите на земјава.
Со наредба на Јавното обвинителство биле извршени проверки и во правниот сообраќај кој се однесува на отворање фирми и други деловни односи. Било утврдено дека ниту една од овие лични карти не била употребена и за таа намена.
Се поставува прашањето кој ги фалсификувал и со која намера тие лични карти?! Неделникот „Фокус“ и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски излегоа со тврдење дека тие биле употребени за избори. Наспроти нивното тврдење владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати го повикаа Спасовски да не молчи за случајот да открие што конкретно дознале и дали спровеле истрага, бидејќи Македонија заслужува фер избори без никаква дамка.
„Јавноста бара информации зошто Оливер Спасовски прикрива кој стои зад наводниот скандал кој го обелодени „Фокус“. Јавноста бара информации кои се членовите на Избирачките одбори што им овозможиле на лицата со фалсификувани лични карти да гласаат на избирачките места. Јавноста бара информации каде се изработени фалсификуваните лични карти и кој ги координирал активностите. Оливер Спасовски мора да одговори зошто прикрива каде се уште 29. 900 фалсификувани лични карти“, апелира деновиве ВМРО-ДПМНЕ.
Спасовски не даде конкретен одговор што открила истрагата.
– Врз основа на наредба на јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Завод за статистика, кои го имаат Избирачкиот список за да видиме дали тие биле воопшто употребени и дали се користени за некои други цели. Најважно од сè е да имаме квалитетна истрага која ќе даде одговор на прашањето кој ги фалсификувал овие лични карти, зошто ги фалсификувал, дали и за што биле употребени, по чија наредба биле правени – рече Спасовски.
Зошто Спасовски, сега министерството е во негови раце, на располагање го има и законот, не ја открие аферата до крај? Тој ниту даде конкретен одговор на прашањето, ниту пак одговори на повиците на владејачката партија. До неодамна се вршеше притисок врз министерот од ВМРО-ДПМНЕ да даде одговор за пасошите. Сега одговорот се бара од него, но одговор нема. Се отвора уште една дилема – Дали аферата со пасошите има слична позадина како аферата со личните карти?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР ќе издава лични карти во сабота и недела
-
Спасовски: За повик на бојкот ќе се оди во затвор
-
МВР место да се фокусира за злоупотреба на службена должност, се грижи кој ги направил фотографиите
-
Спасовски се грижи дали го следат на социјалните мрежи, но не и за расветлувањето на убиството на Саздовски