Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Леброн Џејмс денеска се обврза на доживотен договор со американската компанија за спортска опрема, Најк.
Тој е спортистот кој го поседува најголемиот спонзорски договор во историјата, а финансиските детали не се обелоденети, но двете страни посочија дека Леброн ќе заработува „неколку пати“ повеќе од досега најбогатиот ваков договор, оној на Кевин Дурант со „Адидас“ вреден 30 милиони долари годишно за следните десет години.
Кошаркарот на Кливленд е дел од „семејството на Најк“ уште пред своето влегување во НБА, а во 2003 година потпиша седумгодишен договор вреден 90 милиони долари. Тогаш тоа претставуваше огромен ризик на компанијата со довербата во млад и релативно непознат кошаркар, но тоа се покажа како вистински потег. Според последните информации на „Форбс“, американската компанија само во периодот од февруари 2014 до јануари 2015 година продала модели на патики на Леброн Џејмс во вредност од неверојатни 340 милиони долари, па јасно е зошто сега дел од тоа богатство му се дава и на самиот кошаркар.
„Најк“ досега има изработено 13 различни модели на патики чие заштитно лице е „кралот Џејмс“, а прогнозите велат дека нивната вкупна продажба само во 2015 година ќе ја надмине сумата од 400 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.