| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат аеродромот во Кандахар

tallibanТалибанци денеска го нападнаа аеродромот во Кандахар и се судрија со авганистанските безбедносни сили, соопштија локалните власти.

– Некои од бунтовниците упаднаа во училиште и оттаму пукаат кон аеродромот, изјави портпаролот на гувернерот на Кандахар.

Тој додаде дека нема информации за евентуални жртви.

Портпаролот на талибанците Кари Јусуф Ахмади изјави дека неколку нивни борци влегле во просторот на аеродромот и се борат со безбедносните сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top