Легендарниот репрезентативен голман на Данска, Питер Шмајхел по цели 23 години откри дека сеуште има измешани чувства за освоената титула на ЕП 1992 година. Данците во финалето славеа над фаворитот Германија и со тоа се заќитија со единствената титула во своите витрини.
Поради граѓанската војна која се водеше на просторите на поранешна Југославија оваа земја беше исфрлена од натпреварувањата на Европското првенство и на најзино место влезе Данска која не се пласираше преку квалификациите.
Шмајхел вели дека титулата му е драга и ја освоил за Данска, но и за репрезентацијата на Југославија.
– Во квалификациите не можевме ни да помислиме да ја стигнеме Југославија, но подоцна земјата доби исклучување и ние се најдовме на ЕП. Секако дека сакавме да играме на првенството во Шведска, но не по цена на граѓанска војна. Игравме во името на Југославија и на сите граѓани, па дури и се возевме во автобус со грбот на таа земја. Бевме Југославија, иако е тешко да се објасни тоа. Игравме фантастично цело првенство и навистина не ми е јасно како успеавме да ја победиме големата Германија која беше фаворит – изјави Шмајхел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



