| четврток, 6 декември 2018 |

Датум за паметење, пред 24 години Панчев и Најдовски станаа светски прваци (видео)

crvena zvezda

Поранешениот европски и светски шампион, Црвена Звезда за која голем белег со своите игри оставија македонските интернационалци Дарко Панчев и Илија Најдовски денеска слави 24 години од освојувањето на светската титула. Во финалето лесно и убедливо со 3-0 беше совладан чилеанскиот клуб Коло Коло. Во тогашниот состав на Црвена Звезда едно од носителите на играта беа и македонските асови Дарко Панчев и Илија Најдоски. Пехарот прв го подигна центархалфот на Звезда, Најдовски кој беше заменик капитен на оваа средба.
Панчев беше и стрелец на третиот гол за Црвена Звезда на овој дуел против Коло Коло, по асистенција на Синиша Михајловиќ, а првите два гола беа дело на Владимир Југовиќ. Ваква генерација фудбалери на поранешните југословенски простори веројатно веќе никогаш нема да се повтори. Црвена Звезда е единствениот клуб од овие простори кои успеа да го освои Купот на Европските Шампиони (денешна Лига на шампионите), а потоа и стана светски првак со триумфот во Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top