Закани по сигурноста и личната безбедност е причина поради која биле ангажирани лица од Министерството за внатрешни работи за безбедноста на лицата кои беа наведени на денешната прес конференција на Оливер Спасовски.
Закани на етничка основа, закани и од радикални исламистички елементи, закани за нарушување на личната безбедност и сигурноста на семејствата на блиските се дел од работите поради кој е издадена наредба од надлежно лице од МВР за обезбедување на овие лица.
Очигледно наместо решавање на ваквите сериозни закани и сознанија Оливер Спасовски се фокусира да прави политички маркетинг од овие теми, со што свесно или не ја доведува безбедноста во прашање на луѓето кои се посочени, а кои и според закон, доколку овластено лице од министерството одлучи имаат право на заштита како и секој граѓанин.
Спасовски всушност врши партиска злоупотреба на институцијата МВР за лична хајка, а самиот тој се развозува со службен автомобил од министерството на партиски настани заедно со службеното обезбедување.
Дека станува збор за класична политичка хајка говори и тоа дека Спасовски самиот кажува неодредена бројка од неколку стотици кои наводно користеле службени повластувања, а самиот тој набројува само 7 луѓе.
Многу логично е да се овозможи обезбедување на еден Јохан Тарчуловски кој по враќањето од Хаг добива секојдневно закани по личната безбедност од радикални албански елементи поврзано со судскиот процес кој против него е водеше. Такви закани по неговата лична безбедност и безбедноста на неговите семејства може да се забележат и на неговиот ФБ профил, но и на видео сервисот Јутјуб.
За лицата посочени од Спасовски, МВР имало проценка дека имало опасност по нивната безбедност и на нивните семејства. Спасовски наместо да биде министер продолжува да делува како примитивец со тесно партиска агенда. Лицата кои ги посочува се оценило дека се со безбедносен ризик. Ако нешто му се случи на Тарчуловски или било кој друг од спомнатите, дали Оливер е подготвен да сноси одговорност.
Република контактираше дел од лицата кои кажаа дека очигледно Оливер Спасовски нема попаметна работа во ситуација на сериозни предизвици со кои се соочува министерството и државата.
Во ситуација кога неговите капацитети и профил на личност треба да дојдат до израз ова е очекувана реакција од него. Очекувано е да продолжи со вакви работи да се занимава и во иднина. Тој е во една ситуација на импресионираност од самиот себе и функцијата која ја доби. Неговиот возач со искрена возбуда коментирал низ МВР: кај бевме до кај дојдовме !? Кој можеше да се надева дека Оливер може министер да биде?
Сега под таа импресија и возбуда тој затвора семафори, проаѓа брзо низ патарини и се движи со ротациони средства, а тоа е само одраз на неговиот лимитиран капацитет и за брзо време, прашање е на четири месеци, оваа возбуда кај него ќе исчезне и потоа ќе се претвори во една депресија и кај него и кај неговиот возач кога ќе се соочи со реалноста.
Ова се кулоарски муабети и затоа доколку се неточни однапред како редакција му се извинуваме на министерот Оливер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?