| четврток, 6 декември 2018 |

ОН бара 20,1 милијарди долари за помош на 87 милиони луѓе

oon-prizova-stranite-chlenki-da-predostavqt-20-1-miliarda-dolara-za-podpomagane-na-87-miliona-dushi-343084

ОН денеска ги повика земјите-членки да обезбедат 20,1 милијарди долари, за помагање на 87 милиони луѓе од 37 земји во светот во наредната година, пренесоа светските агенции.
Заменик-генералниот секретар на светската организација, Стивен О’Брајан, појасни дека ова е апел за најголемата сума упатена досега од ОН.
Пред десетина години Светската организација побарала од земјите-членки пет пати помалку пари, направи споредба тој.
Страдањата по светот достигнаа невидено ниво за само една генерација. Конфликтите и катастрофите поставија милиони деца, жени и мажи во светот во ситуација во која треба да се борат за своето преживување.
– На овие луѓе очајно им е потребна помош – рече О’Брајан, кој е одговорен за хуманитарни прашања и за координација на активностите при појава на вонредни ситуации кои бараат обезбедување на итна помош.
Со парите што ОН ги бара од земјите-членки, организацијата планира да одговори на 27 кризи, кои влијаат во вкупно 37 држави.
Главните кризи се оние во Сирија, Ирак, Јемен и Јужен Судан, за кои ќе бидат наменети најмногу средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top