| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на Македонска култура во полски Бјалисток

Денови на Македонска култура се одржаа неделава во Бјалисток, регион Подласки, во Република Полска.

kultura

Настанот го отвори директорот на Филхармонијата и Операта во Бјалисток, Дамијан Танајевски, а поздравно обраќање имаше членот на бордот на регионот Подласки, Стефан Крајевски и вршителот на работи во амбасадата на Република Македонија во Полска, Горица Атанасова-Ѓоревска.

Културата претставува точка на поврзување и таа има моќ да премостува граници и да ги приближува народите и нациите. Верувам дека постои солиден потенцијал и сѐ понагласен заемен интерес за културната, економската, научната и за образовната соработка, истакна Атанасова-Ѓоревска, изразувајќи надеж дека овој настан ќе стане традиција не само во регионот Подласки, туку и на други места.

kultura1

Од македонската Амбасада во Полска изразија благодарност на групата „Саракина“ за одличниот концерт со македонска музика, на Филмскиот фонд на Македонија и на приватните продукции за отстапените филмови, како и на Пеци Тодоровски, кој се погрижи за автентичното претставување на македонската кујна во Бјалисток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top