Технички назначениот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е забележан со службени возила на МВР на партиски трибина во Крива Паланка. „Прес 24“ објави фотографии што велат дека Спасовски вечерва е забележан како излегува од службените возила пред Домот на културата во градот каде што СДСМ одржува партиски настан.
Ваквото однесување на Спасовски отвора сериозен простор за сомнеж дека техничкиот министер за внатрешни работи ги злоупотребува службените возила за партиски цели, што е сосема спротивно на декларативните заложби на СДСМ за одвојување на партијата од државата.
-Имено, Спасовски се вози во автомобили што ги платиле сите граѓани на Македонија и троши гориво за кое плаќаат, исто така, сите даночни обврзници, а целта на неговото патување во Крива Паланка е учество на партиска трибина. Неговото работење уште од самиот почеток беше проследено со скандали од кои последниот е набавката на најлуксузен мебел за неговите соработници и платата од 1.000 евра, која решил да им ја дава. Претходно, Спасовски беше инволвиран во сандалот кога им ги укина овластувањата на вработените во МВР и ја загрози безбедноста на Македонија, пишува „Прес 24“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.