Барселона беше изненадена на домашен терен во ракометната Лига на шампиони и заслужено загуби од Кјелце во 10.коло со 31-33 во „Блауграна“. Сепак најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров имаше одлична вечер постигнувајќи дури 12 гола од 14 обиди.
Со тоа тој си обезбеди место во идеалниот состав на ЕХФ од ова коло, за првпат оваа сезона. Сега се најде во одбраното друштво и тоа заедно со Тјери Омејер и Даниел Нарсис од ПСЖ, со Деан Бомбач од Пик Сегед, кој постигна 11 гола против Рајн-Некар, со Андре Линдбое, најефикасниот играч на Елверум во победата против Металург, како и со Растко Стојковиќ и Ајмен Туми.
Идеалниот тим на колото може да го погледете ОВДЕ.
Лево крило – Андре Линдбое (Елверум)
Лев бек – Даниел Нарсис (ПСЖ)
Среден бек – Деан Бомбач (Пик Сегед)
Десен бек – Кире Лазаров (Барселона)
Десно крило – Ајмен Туми (Монпелје)
Пивот – Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Голман – Тјери Омејер (ПСЖ)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)