| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува процесот за Диво Насеље

Во Основниот суд Скопје 1 денеска, со почеток во 11 часот, ќе се одржи јавна седница за „оценување на обвинителниот акт“ за Диво Насеље.

Обвинителот, кој го има преземено случајот, треба обвинителниот акт да го претстави пред Советот од судии, кои ќе треба да решат дали има, или нема основа случајот да оди на главна расправа.

Свое видување за обвинителниот акт треба да дадат и адвокатите на обвинетите.

Се очекува мерките на безбедност да бидат на највисоко ниво. Нема да биде дозволено да се паркираат возила околу судовите и ќе има зголемено присуство на полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top