„Нумбео“ е светски сервис кој прави споредба на трошоците за живот во светските градови. Анализите се прават врз основи на податоци добиени од корисниците на сервисот.
Една од поинтересните анализи е онаа во која Скопје се споредува со соседниот Белград во кој речиси се живее сличен живот, примањата се слични и стандардот е речиси ист.
Конкретен пример е оброк во просечен ресторан во Скопје ќе ве чини 1000 денари, додека истиот тој во Белград е 1200 денари. Килограм јаболки во Скопје се просечно 40 денари, за истите тие во Белград ќе платите 60 денари. Истата се разлика се забележува и кај доматите.
Цената на такси превозот и интернетот е далеку пониска во Скопје за разлика од Белград. Од ноќниот живот, во Белград ќе пиете поевтино пиво и капучино, додека флаширана вода е поевтина во Скопје.
Генералната процена на оваа веб страна е дека сумирано Скопје за неколку проценти е поевтин град за разлика од српската метропола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.