| четврток, 6 декември 2018 |

Фиорентина го искористи киксот на Наполи и го мина на табелата (видео)

AC Fiorentina vs Udinese Calcio

Со победата над Удинезе од 3-0 на домашен терен, екипата на Фиорентина во рамките од 15.коло во Серија А лигата го искористи киксот на Наполи на гостувањето кај Болоња и се искачи на второто место на табелата со само еден бод заостанување зад водечкиот Интер.
Во Фиренца домашната екипа дојде во водство во 26.минута со погодокот на Калиниќ, на 2-0 зголеми Иличиќ од пенал во 62. минута, а убедливиот триумф го заокружи Родригез во 86. минута.


Fiorentina vs Udinese 3-0 All Goals and Full… by sporttvks

Екипата на Наполи во пладневниот од 12.30 часот иако важење за фаворит против Болоња на гостински терен доживеа непријатен пораз кој е само втор оваа сезона во Серија А лигата од 3-2.
Домашниот тим фантастично го отвори мечот и преку Дестро и Росетини за дваесетина минути поведе со 2-0. На стартот на вториот дел Дестро зголеми и на 3-0, а „наполитанците“ се разбудија дури по големата негатива.
Гонзало Игуаин во завршницата постигна два гола, но само намали на 3-2, а бодовите сепак и припаднаа на Болоња.


Bologna vs Napoli 3-2 All Goals and Highlights… by tony-hoksa

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го одигра целиот натпревар за Палермо кој загуби убедливо со 3-0 на гостувањето против Аталанта.
Палермо останува на дното од табелата во италијанското првенство, со само 15 бода од исто толку натпревари во актуелнава сезона.

Резултати 15.коло, Серија А:

Болоња – Наполи 3-2, Фиорентина – Удинезе 3-0, Аталанта – Палермо 3-0, Фросиноне – Киево 0-2, Верона – Емполи 0-1
Сампдорија – Сасуоло (18:00 ч), Капри – Милан (20:45 ч)

ТАБЕЛА: Интер 33 бода, Фиорентина 32, Наполи 31, Рома 28, Јувентус 27, Аталанта 24, Сасуоло(-1) 23, Милан(-1) 23, Торино 22…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top