Министерството за култура објави два јавни огласи за избор на директори на националните установи универзитетски библиотеки, едниот за „Свети Климент Охридски“ – Битола, а вториот за „Гоце Делчев“ – Штип.
Покрај општите услови утврдени во Законот за култура, и тоа лицето да е државјанин на Република Македонија, да нема правосилна судска пресуда и да не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Заинтересираното лице треба да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, да има минимум 5 години работно искуство во областа на културата и да има положено психолошки тест и тест за интегритет.
Лицето треба да ги исполнува и следните посебни услови:
-да се има стекнато со најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII-1 степен на високо образование од областа на општествено-хуманитарни или природно-применети науки.
Кандидатите за избор на директор на установите треба да достават и своја програма за работа и развој на установата, како и стратегија за наредниот четиригодишен период од 2015 до 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


