| четврток, 6 декември 2018 |

Металург со пораз и со последното место во групата ја заврши ЛШ

Металург го заврши настапот оваа сезона во Лигата на шампионите со последниот натпревар од групата Д на гостувањето во Норвешка кај Елверум.
Како и што се очекуваше металурзите беа поразени со шест голови разлика (29-23), и го потврдија последното место во групата со четири освоени бодови.
Норвешкиот шампион одигра далеку подобро од Металург и го диктираше темпото. Водеше во текот на целиот натпревар и воопшто не го доведе во прашање победникот на овој натпревар. Се до 23.минута македонскиот тим имаше резултатски приклучок, а при резултат 8-6 за Елверум не успеа да дојде до измранување и да реализира неколку напади благодарејќи на цврстата одбрана на норвешкиот тим и голманот Нергард, кој успеа да фати 12 топки во првото полувреме. Во продолжение од мечот Елверум направи серија од 5-0 и на паузата по првото полувреме замина со висока предност од 15-7.
Во второто полувреме Во вториот дел предноста на Елверум достигна плус 10 во 45. минута, кога беше 24-14, а потоа и двете екипи им дадоа шанса на резервистите, што всушност се покажа корисно за Металург. Во отсуство на Лино Червар на клупата, Александар Јовиќ знаеше како со младите момци, кои некогаш ги водеше во Металург јуниор, па го добија второто полувреме и поразот го направија подостоинствен.

Јанко Божовиќ беше најефикасен со пет гола, Крстевски и Матиќ го следеа со по три, додека голманите, кои во првото полувреме останаа на нула, завршија со по две одбрани и Вукиќ и Дупјачанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top