Вистинска драма се одиграла денеска на летот од Франкфурт за Белград. Американски државјанин со име Лакен кој по потекло е од Јордан се обидел во текот на летот да отвори врата и да го сруши авионот, дознава српски Курир.
Во авионот меѓу останатите биле и ракометарите од клубот „Војводина“.
-Лакен сакаше да отвори врата и да педизвика хаос. Цело време говореше како го изгубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. Ситуацијата беше напната. Несреќата за среќа е спречена. Лакен бил спречен од ракометарите и авионот безбедно слетал во Белград, раскажува изворот за српски Курир.
Полицијата веднаш по слетувањето го уапсила патникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.