| четврток, 6 декември 2018 |

Победа за Голден Стејт, Кливленд загуби од Мајами (видео)

kosarka

Голден Стејт го совлада Торното остварувајќи ја 21. победа во новата сезона и ја продолжи неверојатната серија. Кливленд пак, загуби на гостувањето кај Мајами.
Во натпревар со интересен и израмнет финиш, Голден Стејт со 112 – 109 го победи Торонто Репторс и ја продолжи победничката низа.

Предводник во победата на Вориорс и овој пат беше Кари кој уфрли 44 поени, во тимот на Торонто убедливо најдобар беше Лаури со 41 кош.

Кливленд без Леброн Џејмс доживеа убедлив пораз од 99-84 на гостувањето кај Мајами. Домаќинот првата четвртина ја доби со 12 поени разлика, а потоа до крај лесно го оддржа големото водство.

Вејд и Џонсон со по 19 поени беа најефикасени за Мајами, најмногу поени во тимот на Кливленд реализираше Џеферсон, 16.

Резултати:

Филаделфија – Денвер 105:108
Торонто – Голден Стејт 109:112
Чикаго – Шарлот 96:102
Хјустон – Сакраменто 120:113
Мајами – Кливленд 99:84
Минесота – Портланд 103:109
Милвоки – Њујорк 106:91
Сан Антонио – Бостон 108:105
Јута – Индијана 122:119
ЛА Клиперс – Орландо 103:101

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top