Најлоша година за еврото во оваа деценија се чини дека ќе биде уште пострашна, по вклучувањето на кинескиот јуан во кошницата на резервни валути на ММФ, пишува Блумберг.
Еврото падна 13 отсто во однос на доларот во 2015 година, најмногу во оваа деценија, а централните банки го намалија уделот на таа валута во своите резерви на најниско ниво од 2002 година.
Претседателот на ЕВБ, Мариод Драги сигнализираше на 22 октомври дека креаторите на монетарната политика се отворени за јакнење на стимулансите на економијата, откако во март беше покрената програмата за откуп на обврзници од земјите на еврозоната вреден 1,1 билиони евра.
„Еврото најмногу ќе трпи од промената на пондерираниот курс. ММФ зема од еврозоната за да и даде на Кина, промената на рамнотежата во случајот на другите валути во голема мера е безначајна, наведува Даглас Бортвик, од брокерската куќа Chapdelaine & Co.
Кинеската валута ќе го престигне јенот и фунтата во новата кошница. Пондерираниот курс на доларот во кошницата на валутите ќе изнесува 41,73 отсто, 8,33 проценти јенот, фунтата – 8.09 отсто, во однос на сегашните 41,9 (долар), 11.3 (фунта) и 9.4 (јен), наведува ММФ.
Промена на составот на кошница на валути на ММФ е прва од 1999 година, кога еврото ја замени германската марка и францускиот франк. ММФ ја разгледува можноста за промена на кошница на секои пет години. Во време на претходното разгледување во 2010 година одби да го вклучи јуанот, пишува Блумберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.